Утрински Весник
Спорт

Барса немоќна против Хетафе

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)
300x250 (7)

Барселона на „Колосеум Алфонсо Перез“ во Мадрид го доживеа првиот пораз во сезоната. Хетафе во шестото коло славеше над Барс со голот на Мата од пенал во 56 минута.

Барса против цврстата екипа на Хетафе делуваше безидејно во поголемиот дел од натпреварот. Роналд Куман на клупата го остави Фелипе Кутињо и тоа се почувствува во играта на Барселона.

Ss1

Имаше Барселона две добри шанси во првиот дел кои не ги реализира. Ударот на Меси заврши во дирекот,а Гризман шутираше над голот кога беше сам пред Сорија.

Имае и Хетафе свои шанси во првиот дел, Максимовиќ не успеа да го совлада Нето од добра позиција, а ударот на Куурреља го одбрани бразилскиот голман.

Во вториот дел Хетафе ја контролираше играта, а во 56 минута поради Де Јонг задоцни со стартот врз Даконам, домаќините добија пенал кој го реализираша Мата.
Во последните десет минути Кучо Ернандез промаши две неверојатни шанси. При првиот обид Нето ја допре топката која потоа заврши во гредата, а при вториот обид кога беше сам пред голманот шутираше над голот.

Најдобрата шанса Барселона ја имаше преку Даконам, капитенот на Хетафе по центаршутот на Брејтвајт ја удри топката која заврши во гредата.

По поразот на Барселона Атлетико Мадрид е единствента непоразена екипа во Ла Лига.

Наредната сабота Барселона ќе го пречека Реал.

> Барса немоќна против Хетафе <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот

Штербик доживеал срцев удар – 24info.mk

Ѓоковиќ се раздели со уште еден тренер од својот тим