Утрински Весник
Спорт

Ајакс му даде договор на талентот Миловановиќ: Сите ми велат дека личам на Златан

Ајакс му даде договор на талентот Миловановиќ: Сите ми велат дека личам на Златан

Ајакс од Амстердам, холандскиот гигант кој може да се пофали со една од најдобрите фудбалски школи на светот, му даде прв професионален договор на српскиот стопер Матеја Миловановиќ, кој потпиша договор до 2024 година.

„Ова го чекам подолго време и мислам дека е добра награда за мене. Сите ми велат дека личам на Златан Ибрахимовиќ и искрено и јас ја гледам сличноста.“, изјави Миловановиќ за Швеѓанецот кој исто така играше за „копјаниците“ од Амстердам.

17-годишниот Миловановиќ е роден во Ротердам, каде што започна со фудбалот во тимовите на Феенорд и Спарта Ротердам, пред во 2018 година да влезе во академијата на Ајакс. Тој играше за У-16 репрезентацијата на Холандија, но лани го имаше првиот настап за У-19 репрезентацијата на Србија, бидејќи по потекло е од Чачак.

> Ајакс му даде договор на талентот Миловановиќ: Сите ми велат дека личам на Златан <

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале