Утрински Весник
Македонија

Арсовски: Градоначалници на СДСМ од три општини дале 1,8 милиони евра на адвокатското друштво на Миле Зечевиќ

Арсовски: Градоначалници на СДСМ од три општини дале 1,8 милиони евра на адвокатското друштво на Миле Зечевиќ

Градоначалници на СДСМ од три општини дале 1,8 милиони евра на адвокатското друштво на Миле Зечевиќ, молкот на партијата е потврда дека ги немаат аргументите да се бранат, молкот на партијата е потврда дека ги немаат аргументите да се бранат, изјави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој обвини дека граѓаните на Градот Скопје, скопјани, Пробиштип и Неготино плаќале данок за да може градоначалниците од СДСМ да го платат сегашниот генерален секретар на СДСМ, по основ на паушали за адвокатура.

„Молкот на СДСМ е доволен показател дека ги немаат аргументите, па дури и кога ги немале аргументите, неаргументирано напаѓале, но сега бидејќи се свесни дека нема со што да се одбранат за ова, молчат. Зечевиќ по примерот на Калеска Ванчева, најисплатливо им било да бидат закачени на општински и јавните претпријатија преку паушали. Очигледно е дека најисплатливата професија во СДСМ е адвокатурата“, изјави Арсовски.

Како што додаде, на власта на СДСМ, важен им е само личниот бенефит и да се наместат на позиции. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ не очекува владејачката партија да излезе во јавност и да даде еден реален аргумент зошто најдобар избор за овие 3 општини бил генералниот секретар Миле Зечевиќ да биде адвокат или пак зошто во претходните 5 институции идеално адвокатско друштво било друштвото на Калеска Ванчева.

Можете да прочитате

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за лиценцирањето на објектот

Средба Муцунски – Гоунтанис: Потврдена заедничката посветеност за продлабочување на стратешко партнерство меѓу двете земји

Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла