Утрински Весник
Македонија

Арсовска: Награда за скопските пожарникари за брзата и ефикасна реакција во гаснење на пожарот во фабриката „Треска“

Арсовска: Награда за скопските пожарникари за брзата и ефикасна реакција во гаснење на пожарот во фабриката „Треска“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска донесе одлука да се додели соодветна награда за скопските пожарникари за нивната брза реакција и ефикасна интервенција при вчерашното успешно справување со огнената стихија во поранешната фабрика Треска.

„ Пожарникарите се хероите на нашиот град. Во знак на благодарност за нивната пожртвуваност и високото ниво на професионалност, донесов одлука да бидат соодветно наградени, како одраз на поддршка за заштитата на Скопје и скопјани. Пожарот со кој во текот на вчерашниот ден се соочи противпожарната бригада беше со висок ризик, од голем размер кој тие брзо го локализираа без жртви и повредени. Со експресна реакција и повеќечасовна борба со огнената стихија го локализираа силниот пожар и ги заштитија имотите и животите на нашите сограѓани. Градот Скопје и граѓаните Ви се благодарни“ истакна Арсовска.

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка