Утрински Весник
Спорт

Арсенал победи кај Борнмут – „Топџиите“ ја истакнаа кандидатурата за шампионската титула

Фудбалерите на Арсенал ја забележаа третата победа сезонава, откако по Кристал Палас и Лестер славеа победа оџ 3:0 кај Бoрнмут. Иако не постигна гол, повторно блесна Габриел Жесус, кој запиша асистенција, а двоен стрелец беше Мартин Едегор.

dobivaj vesti na viber

Арсенал во раната фаза ги реши сите дилеми околу победникот. Фаворитот по 11 минути игра имаше предност од два гола. Два пати погоди Норвежанецот Мартин Едегор.

Конечниот резултат го постави повратник Вилијам Салиба, кој погоди во 54. минута по асистенцијата на Гранит Џака за 3:0.

Жесус постигна гол во финишот, но истиот беше поништен поради минимален офсајд.

Арсенал е лидер на табелата со девет бода и гол разлика 9:2, а Борнмут го чека борба за опстанок.



Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи