Утрински Весник
Спорт

Аргентина ја освои Копа Америка – Прв трофеј за Меси со националниот тим

Аргентина ја освои Копа Америка – Прв трофеј за Меси со националниот тим

Фудбалската репрезентација на Аргентина го освои трофејот на Копа Америка. Аргентинците во финалето со 1:0 го ги победија домаќините Бразил, кои ја бранеа титулата.

Единствениот гол во финалето го постигна Анхел Ди Марија во 22.минута, по одличната асистенција на новиот играч на Атлетико Мадрид, Родриго Де Пол. Бразил најдобрата шанса ја пропушти во 54.минута, кога Ришарлисон не успеа да го совлада Мартинез.

Аргентина по пауза од 28 години повторно ја освои Копа Америка. Овој трофеј е прв за Лионел Меси по 16 години играње за националниот тим.



> Аргентина ја освои Копа Америка – Прв трофеј за Меси со националниот тим <

Можете да прочитате

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство

Новото име на салата во СЦ „Борис Трајковски“ е „Т Арена“

Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари