Утрински Весник
Спорт

Анонимна Бразилка ја порази Швјонтек во Торонто

Најдобрата тенисерка во светот, Ига Швјонтек, доживеа сензационална елиминација во второто коло на мастерсот во Торонто. Покрај Швјонтек, турнирот во оваа рунда го завршија четвртата и осмата во светот, како и поранешната шампионка на Ју-ес опен.

dobivaj vesti na viber

Малку познатата Бразилката Беатрис Хадад Маја ја победи најдобрата светска тенисерка, Полјачката Ига Швионтек со 2:1 по сетови 6:4, 3:6, 7:5. Најголемата победа во кариерата Хадад Маја ја оствари за два часа и една минута.

Во наредното коло таа ќе игра против Белинда Бенчиќ која беше подобра од осмата во светот Гарбиње Мугуруза. Бенчиќ ја декласира Шпанката со 2:0, по сетови 6:1, 6:3.

Турнирот заврши и за Марија Сакари, четвртата на ВТА листата. Тенисерката од Грција доживеа елиминација од поранешната број 1, Каролина Плишкова. Искусната Плишкова победи со резултат 6:1, 6:7 (9), 6:3 по два и пол часа тенис.

Нејзина следна противничка ќе биде ќе биде Чинвен Женг, која со ја совлада поранешната шампионка на Ју-ес опен, Канаѓанката Бјанка Андреску со резултат 7:5, 5:7, 6:2.

Можете да прочитате

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали