Утрински Весник
Свет

Работници од окупираната нуклеарна централа за Би-Би-Си: Русите нè имаат на нишан, тука изградија база

Работници во окупираната нуклеарна централа Запорожје за Би-Би-Си изјавиле дека се држени под закана од оружје од страна на руските војници и дека во исто време ја користат нуклеарната централа како воена база.

dobivaj vesti na viber

Русија е обвинета дека ја користела нуклеарната централа како штит додека од неа истрелала проектили на блиските локации, пишуваат медиумите во регионот.

Двајца работници за Би-Би-Си изјавиле дека секојдневно добиваат закани за киднапирање и дека стравуваат од радиоактивна контаминација на поширокиот регион и од нуклеарна катастрофа.

Никопоље, град под украинска контрола, е одделен од нуклеарната централа со околу 15 километри од реката Днепар. Градот доживеа силно гранатирање во изминатите неколку недели, а во една ноќ беа регистрирани и до 120 ракети, стои во новинарските написи.

Надзорот на ОН кажал дека постои реален ризик од нуклеарна катастрофа доколку борбите не престанат и ако на инспекторите не им биде дозволен пристап до нуклеарните централи.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат. Ситуацијата не е најјасна, но ризиците се очигледни, пренесуваат агенциите.

„Мојот работен ден е постојан стрес“, изјавила Свитлана, која зборувала за Би-Би-Си.

Друг жител на Енерходар рекол дека цените во продавниците и аптеките сега се четири пати повисоки отколку на територијата што сè уште ја контролира Украина и дека има недостиг од лекари. Повеќето од банкоматите не работат.

„Психолошката ситуација е тешка. Војниците се шетаат со оружје и нè држат сите нас пред нив“, додал тој.

Според новинарските извештаи, Украина ја обвинува Русија дека стационирала околу 500 војници во областа на нуклеарната централа.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади