Утрински Весник
Свет

Анкара: Можно е преговорите да продолжат за неколку дена

Анкара: Можно е преговорите да продолжат за неколку дена

Малку е веројатно дека украинската и руската делегација утре ќе се сретнат на планираните разговори, бидејќи барањата на Москва за запирање на инвазијата се „нереални“, соопштија од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„ Најверојатно нема да се сретнат во среда. Можно е да биде одложено за неколку дена, ние сме во контакт со преговарачките тимови“, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин, пренесува „Ројтерс“.

Тој додаде дека се надева оти рускиот претседател Владимир Путин ќе го запре нападот, препознавајќи ја економската штета што и ја нанесува на Русија.

Зборувајќи за украинските услови за понатамошни разговори со Москва, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е неопходно прво да се запре руското бомбардирање на цивили, а потоа да се седне на преговарачка маса.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид