Утрински Весник
Спорт

Англичаните „полудеа“ по женски фудбал: Продадени 65.000 билети за еден ден

За помалку од 24 часа се продадени 65.000 билети за натпреварот меѓу женските фудбалски репрезентации на Англија и САД, кој ќе се одигра во октомври на „Вембли“ во Лондон.
Фудбалската асоцијација на Англија соопшти дека натпреварот меѓу европскиот шампион Англија и светскиот првак САД ќе се одигра на 7 октомври на „Вембли“, доколку англиската репрезентација избори пласман на Светското првенство во септември.

dobivaj vesti na viber

„Вие сте неверојатни, веќе се продадени 65.000 билети за нашиот октомвриски натпревар против САД“, се вели на Твитер профилот на женската репрезентација на Англија. Сајтот преку кој се продаваа билети во вторникот накратко падна поради преголема оптовареност.

Женскиот фудбал е се попопуларен во Англија, особено откако националниот тим во неделата го освои трофејот на Европското првенство, славеше по продолженија со 2:1 против Германија на „Вембли“. Натпреварот го следеа 87.192 навивачи, што е најдобра посетеност во историјата на европските првенства во машка и во женска конкуренција.

Во септември Англија ќе игра против Австрија и Луксембург во квалификациите за Светското првенство. Селекцијата е прва на табелата во својата група со максимални 24 бодови и пласман на Светското првенство ќе обезбеди со реми против второпласираната Австрија или победа против Луксембург.

Можете да прочитате

Златната топка на Марадона од 1986 ќе се продава на аукција во Франција

Златната топка на Марадона оди на аукција, се очекуваат милиони

Одбиена жалбата на Нотингем Форест