Утрински Весник
Свет

Шефот на црногорската гранична полиција поднесе оставка поради Порфирије

Шефот на црногорската гранична полиција Васко Аковиќ поднесе оставка од функцијата, бидејќи српскиот патријарх Порфирије влегол во Црна Гора без контрола и евиденција, пренесуваат црногорските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Ова го објави црногорскиот портал ЦдМ, а информацијата ја потврди и претседателот на Црногорскиот Хелсиншки комитет, Миодраг Влаховиќ, кој изрази почит кон Аковиќ за таа одлука.

„ Регионалниот началник на граничната полиција Васко Аковиќ денеска поднесе оставка од таа функција затоа што патријархот на српската црква Порфирије со целата делегација без никаква контрола и евиденција влезе и излезе од Црна Гора. Голема почит за овој човек“ на Твитер напиша Влаховиќ.

Патријархот Порфирије и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ вчера го потпишаа Основниот договор со кој се уредуваат односите меѓу СПЦ и Црна Гора.

Договорот предизвика огорченост кај партијата на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, ДПС, која заедно со неколку политички фракции во локалното собрание поднесе иницијатива за изгласување недоверба на 43-та Влада на Црна Гора.

Можете да прочитате

Со дронови се бара хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси по тешко слетување

Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан

Паѓаат цените на недвижностите во Германија, растат на кириите