Утрински Весник
Магазин

Ана де Армас ги прекина шпекулациите дека се смирила со Бен Афлек

Ана де Армас ги прекина шпекулациите дека се смирила со Бен Афлек

Младата актерка Ана де Армас,  која беше номинирана за „Златен глобус“, предизвика шпекулации дека ја обновила својата романса со Бен Афлек откако во неделата на социјалните мрежи сподели селфи со ѓердан кој го носеше кога беа заедно.

32-годишната Кубанка го имаше ставено истиот ѓердан со приврзок во форма на половина срце минатиот мај кога таа и Афлек поминуваа долг период на самоизолација.

Сепак, само шест часа подоцна, Ана се огласи на својот инстаграм-профил со дециден демант дека таа и Бен се повторно заедно.

Де Армас, наводно, ја прекинала нејзината врска со Афлек преку телефон во средината на јануари. Таблоидите шпекулираат дека долгата самоизолација најмногу придонела за разделбата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СЗО предупреди дека многу деца и млади многу малку се движат

По 28 години пешачење околу светот, Карл Бушби конечно се врати дома

Расел Бренд прогласен за виновен за силување и сексуални напади