Утрински Весник
Свет

Американската влада вети вакцини за мигранти без документи

Американската влада вети вакцини за мигранти без документи

Владата на САД вети пристап до вакцини против коронавирус за мигранти без документи и други граѓани и рече дека центрите за вакцинација ќе бидат зони без имиграциско процесуирање, пренесува „Ројтерс“.

Обезбедувањето вакцини за сите лица кои живеат во САД, кога ги исполнуваат условите според локалните стандарди за дистрибуција, е морален императив и императив на јавното здравство, се вели во соопштението на Министерството за национална безбедност.

Соопштението е последно во низата потези со кои претседателот Џозеф Бајден сака да ја смени острата антиимиграциска стратегија на неговиот претходник Доналд Трамп.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МААЕ пријави три напади со беспилотни летала врз нуклеарната централа Запорожје

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал