Утрински Весник
Економија

„Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Велика Британија

„Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Велика Британија

АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново друштво во Велика Британија, со назив ALKALOID UK LIMITED. Друштвото е во 100% сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје.

Земајќи го предвид излезот на Велика Британија од Европската Унија, менаџментот на АЛКАЛОИД АД Скопје донесе одлука за отворање ново друштво, со цел зајакнување на постојните позиции на пазарот. АЛКАЛОИД АД Скопје е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски производи со реализирани продажби во износ од 313 милиони денари во 2020 година.

Со ова АЛКАЛОИД АД Скопје продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба, односно развивање како извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Николоски: За прв пат се градат шест автопати истовремено

Треновски: Сиромашните во Македонија трошат до 80 отсто од парите за храна, богатите само 17 отсто

Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ – отвора 2.000 работни места во Битола за производство на делови за „Ауди“