Утрински Весник
Спорт

Ако не се вакцинира во наредните 96 часа Ѓоковиќ нема да игра во Мелбурн

Ако не се вакцинира во наредните 96 часа Ѓоковиќ нема да игра во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ би можел да го пропушти Австралија опен, доколку во наредните четири дена не се вакцинира против коронавирусот.

Светскиот број 1, кој девет пати победил во Мелбурн парк, одбива да се вакцинира, бидејќи вирусот „стално мутира и не ја гледал целта на вакцинацијата“.

„Моите изјави се извадени од контекст. Направија дека јас сум против вакцинацијата, тоа не е точно. Кој сум јас да зборувам против вакцинацијата, кога за тоа се задолжени стручњаци кои спасуваат животи? Не сакам нешто да ми се наметнува против моја волја“, изјави Ѓоковиќ минатиот месец на Ју-ес опен.

Доколку сака да ја брани титулата на Австралија опен, Ѓоковиќ мора до 15.октомври да ја прими првата доза, а втората до 26.ноември. Само на тој начин ќе ги испочитува епидемиолошките мерки на австралиските власти и ќе му биде дозволен влез во земјата.

„Гренд слем титулите нема да му помогнат да влезе во Австралија. Може да влезе само доколку докаже дека се вакцинирал. Тука нема да правиме никакви исклучоци“, рекол премиерот на сојузната австралиска држава Викторија, Ден Ендрјуз.

> Ако не се вакцинира во наредните 96 часа Ѓоковиќ нема да игра во Мелбурн <

Можете да прочитате

Борусија ќе заработи повеќе ако загуби од Реал во финалето

Проблем за ФИФА – Фудбалерите се заканија со тужба

Баер Леверкузен ги урна сите рекорди на непобедливост