Утрински Весник
Македонија

Академик Камбовски со поддршка за новата образовна концепција: „Не смееме да губиме години“

Академик Камбовски со поддршка за новата образовна концепција: „Не смееме да губиме години“
Img 5587

Академик Владо Камбовски даде поддршка на новата концепција за основно образование. Во своето обраќање на јавна рсправа, Камбовски истакна дека реформата е задоцнета, затоа што Законот врз основа на којшто се носи е донесен уште пред две години. Поради тоа истакна Камбовски, неопходно е  концепцијата  да се донесе.

„Не смееме да го одложиме носењето на концепцијата. Не смееме да губиме години. Навремена е новата концепција и време е за соочување на ставовите. Сметам дека вакви слични дебати треба да имаме и за реформи во средното и за високото образование. Оваа реформи ќе треба да отвори расправа и затоа какво ни е предучилишното образование и какво ни е средното образование”, истакна Камбовски.

Img 5587

Тој посочи дека наставните програми треба да ги следат националните стандарди, односно да се има план со којшто ќе се прави мерење на достигнувањата на учениците.

„Главните протагонисти на целиот овој процес се наставниците. Дојде времето на учителот со големо У да стане главната фигура во образованието”, рече Камбовски.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

(Фото) Чудни предизборни кореографии, ЗНАМ и Максим ги развеаја вергините