Утрински Весник
Спорт

Абрамович бара дополнителни 500 милиони за Челси

Продажбата на Челси, најавена за овој викенд, нема да оди толку лесно, откако Роман Абрамович решил да ја зголеми цента. Според информациите од Англија, Абрамович дополнително ја искомплицирал ситуацијата и ја зголемил цената на клубот за 500 милиони фунти.

Така сега цената е 2,5 милијарди евра, а се зборува дека рускиот бизнисмен тоа го направил за да донира една милијарда евра во добротворни цели. Се шпекулира дека сака парите да им ги подари на жртвите од војната во Украина.

Три конзорциуми се во игра за купување на акциите на „сините“, а најголеми шанси има швајцарско-американскиот конзорциум во кој еден од сопствениците газдата на Лос Анџелес Доџерс, Тед Бели и Швајцарецот Хансјорг Вус.

Челзи, по ремито на Олд Трафорд со Манчестер Јунајтед, во недела ќе гостува кај Евертон.

> Абрамович бара дополнителни 500 милиони за Челси <

Можете да прочитате

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари