Утрински Весник
Македонија

АА: ДУИ нема врска со Европа, ова е клан на насилство, ароганција, диктатура и вандализам

Ss2

„Координаторот на срамот, криминалот и корупцијата денеска се обиде да манипулира со јавноста и да го одбрани тешкото прекршување што синоќа го направи над Уставот и демократијата. Тој рече дека власта ја спроведува реформската агенда, додека синоќа со насилство и вандализам во комисијата прошверцува закон со кој се продолжува мандатот на судиите и обвинителите кои треба да се пензионираат и кои целата јавност се сеќава како се именувани со пазарењата помеѓу Блерим Беџети, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков, а подоцна и со Зоран Заев и Боки 13“ се вели меѓудругото во соопштението од опозициската Алијанса за Албанците.

Од паријата со став дека „ДУИ го штити партизираното судство и обвинителство бидејќи само во ваква форма можат да се заштитат од 20 години криминал и корупција“.

300x250 (7)

„Спомна и странски агенди алудирајќи на руските, па затоа сакаме да го потсетиме дека руската агенда е парцелата за Дака Давидовиќ, антизападните амбасадори и тајните средби на Али Ахмети со рускиот и српскиот амбасадор што и самиот негов претседател ги потврди“ велат од АА.

„По насилството кое Талат Џафери го манифестираше врз вработените во Собранието, неговата диктатура врз албанските опозициски пратеници, синоќешниот чин во Комисијата за европски прашања, е само потврда дека ДУИ нема никаква врска со Европа, реформи или демократија. Овој клан е клан на насилство, ароганција, диктатура и вандализам, кој мора итно да се отстрани од институциите и од власта“ стои во соопштението на опозиционерите.

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: Масовна излезност е одговор на евентуален бојкот за вториот круг од претседателските избори

Нема да се прегласува на трите избирачки места во Куманово каде гласањето беше прекинато

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција, Ганиу му врати дека терапијата од Таравари ќе ја прими на 8 мај