Утрински Весник
Македонија

Нови 168 ковид позитивни – нема починати

300x250 (7)

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 91, Битола – 12, Кавадарци, Тетово и Охрид – по 10, Велес – 9, Прилеп – 5, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Гостивар, Струга, Ресен и Крушево – по 2, Кочани, Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Дебар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (168), регистрирани се 28 реинфекции.

Img 5587

Регистрирани сe 90 оздравени пациенти од: Скопје – 59, Куманово и Битола – по 7, Охрид – 5, Кавадарци и Штип – по 3, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Кичево и Ресен– по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.079.613 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.708, бројот на оздравени пациенти е 303.738, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 648.

Ss1

Можете да прочитате

Ристовски во Шуто Оризари: Да ја сопреме галопирачката сиромаштија која е особено изразена кај ромската заедница

Заев: Македонски патриотизам е да си го чуваш и негуваш јазикот бидејќи тој е и нашата татковина

Забрчанец: 15 важни датуми од современата промоција и верификација на македонскиот јазик