Утрински Весник
Македонија

Николоски: Македонија слепо црево на Балканот, Србија доби 137 милиони евра грант, а нашата Влада потпишува штетни договори

Владата СДСМ/ДУИ потпишува и прифаќа штетни договори, а не прави ништо за економскиот развој и развојот на инфраструктурата. Ако имаа добри контакти во Брисел ќе знаеа дека следниот голем инфраструктурен проект на ЕУ е брза пруга од пристаништата во Атина (Пиреа) и Солун до централна Европа, со цел скратување на времето за транспорт на луѓе и стоки во двата правци, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

dobivaj vesti na viber

„ Паметна Влада оди во Брисел и зема грант за брза пруга од Табановце преку Скопје до Солун. Мрзелива и неспособна Влада тоа го игнорира.

Денес Србија на која сеуште и се потсмеваат дека е анти Европска добива 137 милиони евра грант за брза пруга Ниш – Димитровград – граница со Бугарија што е прв чекор кон заобиколување на Македонија од проектот за брза пруга Атина – Солун – Будимпешта – Виена, што ако се реализира е чекор кон претварање на Македонија во слепо црево на Балканот и губење на стратешката позиција на Македонија што е прв чекор кон поделба и исчеснување. Звучи апокалиптично, ама државите опстојуваат само ако има геостратешки интерес околу нив.

Интерес на Бугарија е Македонија да е слепо црево и стратешки небитна, кој е интересот на СДСМ/ДУИ?“ напиша Николоски на Фејсбук.

Можете да прочитате

Соседите ги користат критичните минерали како развојна шанса, Македонија сè уште не го активира Иловица

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре

Српски полицајци до 31 август ќе патролираат низ Охрид