Утрински Весник
Македонија

Српски полицајци до 31 август ќе патролираат низ Охрид

Ohrid.webp.webp

Денеска во СВР Охрид беше одржан работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија кои од утре, се до 31 август, заедно со полициски службеници од македонското министерство за внатрешни работи, ќе спроведуваат заеднички полициски патроли низ Охрид.

Нивниот работен ангажман ќе се реализира врз основа на потпишан Протокол за соработка за време на туристичката сезона во Охрид по што од утре, и официјално ќе отпочне функционирањето на заедничките полициски патроли. Заедничките мешовити патроли ќе придонесат за зголемена безбедност на граѓаните како и на српските туристи кои во голем број ги поминуваат своите годишни одмори во Охрид.


Во текот на патролите, српските полицајци ќе постапуваат во согласност со националното законодавство на РСМ, нема да носат оружје и ќе даваат поддршка на македонските полициски службеници. Српските полицајци, пред утрешното официјалното отпочнување со работа, беа информирани со одредбите од македонските закони за внатрешни работи и за полиција.

Можете да прочитате

Жена пронајдена почината во домот во Аеродром

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

Соседите ги користат критичните минерали како развојна шанса, Македонија сè уште не го активира Иловица