Утрински Весник
Македонија

Министерката Шекеринска на Минхенската безбедносна конференција

Министерката Шекеринска на Минхенската безбедносна конференција

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска и утре ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција.

Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе говори на панелот „Нарушување на перцепцијата за подобро лидерство”.

Во рамки на конференцијата Шекеринска ќе учествува на неформалната средба на министрите за одбрана која ја организира германската министерка Анегрет Крамп-Каренбауер.

Минхенската безбедносна конференција е една од најзначајните глобални конференции посветени на безбедноста и одбраната на која оваа година ќе учествуваат над 500 светски лидери, претседатели, премиери, министри, претставници на бизнис-секторот, невладиниот сектор и академската заедница. дма/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва кај мостот „Беласица“ – две екипи на Итната помош на терен

Сообраќајка на мостот во Аеродром – мотоциклист повреден

Герасимовски: Катастрофална е состојбата во државата, но никој не собира храброст за протест