Утрински Весник
Спорт

Бошко Ѓуровски ќе го предводи развојниот тим на Црвена звезда

Бошко Ѓуровски ќе го предводи развојниот тим на Црвена звезда

Поранешниот селектор на Македонија, Бошко Ѓуровски, ќе ја предводи филијалата на Црвена звезда, Графичар.

Графичар се натпреварува во Првата лига на Србија. За овој тим настапуваат играчи на Црвена звезда родени во 2003 и 2004 година. Клубот се наоѓа во серија од седум порази, поради што Радомир Коковиќ доби отказ.

Задачата на Ѓуровски ќе биде да ја стабилизира играта и да ја крене формата на тимот.

Бошко Ѓуровски е без работа речиси две години, односно по враќањето од Јапонија.

> Бошко Ѓуровски ќе го предводи развојниот тим на Црвена звезда <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026