Утрински Весник
Политички Партии

Трајановски: Во ек на пандемија Шилегов на сила протурка незаконско решение за промена на имиња на улици и булевари во Скопје

Трајановски: Во ек на пандемија Шилегов на сила протурка незаконско решение за промена на имиња на улици и булевари во Скопје
Ss2

Во време на пандемија и кога секојдневно се соочуваме со голем број загубени животи, кога сме на врвот на светската листа по смртност, Петре Шилегов на сила протурка незаконско решение за промена на голем број  имиња на улици и булевари во Скопје, реагира Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа одлука е целосно незаконска, спротивна на член 8 од Законот за именување на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти во кој децидно стои дека не треба да се вршат промени на улици шест месеци пред локалните, претседателски или парламентарни избори, како и дека една година пред планиран попис“, напиша Трајановски на својот фејсбук-статус.

Ss1

Во време на пандемија и кога секојдневно се соочуваме со голем број на загубени животи, кога сме на врвот на светската…

Posted by Коце Трајановски on Среда, 31 март 2021

Како целосно незаконска, најверојатно оваа одлука ќе падне на суд, со што непотребно ќе ги ставате на трошок граѓаните и компаниите, кои вашите ветувања и хирови ќе ги чинат многу пари, пишува Трајновски.

Тој уште додава дека со таквата незаконска одлука се сменети 493 имиња на улици, плоштади и мостови во Скопје.

„Толкава бројка се нема случено по Втората светска војна, па оттаму се поставува прашањето, зошто се брзате толку ова да го направите на неколку месеци пред локалните избори? Чии интереси сакате да задоволите со оваа незаконска постапка? Зошто ја обезличувате Македонија? Целата постапка со која се променија фантастични 493 улици го направивте во крајно нетранспарентен начин, без никаква јавна дебата. Шилегов се испофали дека дел од имињата биле дадени во онлајн анкетата, меѓутоа никаде немаше јавна дебата за квалитетот на имињата кои (наводно) биле предложени од граѓаните, за потребата за именување на улици по нив, како и потребата да бидат тргнати некои од постоечките имиња. Ако зборувавте за транспарентност ќе направевте една проширена анкета и дебата, каде што ќе ги вклучивте сите оние луѓе, археолози, историчари, етнолози и останати стручни фели кои ќе дадеа придонес за вистинска транспарентност“, реагира Трајановски.

Според него има добри предлози, на најголемиот број се несоодветни и прашува со кое право Шилегов и СДСМ си дозволија да ги тргнат имињата на голем број од личностите од македонска историја, од периодот на антиката, преку Илинден до партизаните?

„Покрај скандалозното тргање на дел од имињата, истите се заменуваат со имиња кои се или анонимни, или се лица кои немаат никаква допирна точна со Скопје или Македонија“, пишува Трајановски на својот статус.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт