Утрински Весник
Свет

Спречен терористички напад на висок офицер на полицијата во Москва

Rusija.webp.webp

Спречен терористички напад на висок офицер на полицијата во Москва, кој бил цел на планот на Украинската разузнавачка служба.

Од руската федерална служба за безбедност велат дека украински агенти ја поставиле бомбата во багажникот на електричен скутер паркиран во близина на деловен центар, а нападот требало да се активира далечински кога високиот офицер ќе пристигне до влезот на зградата.


Експлозивот од околу еден и пол килограм бил маскиран како полнач за електрично возило. Импровизираниот експлозив содржел метални делови, „шрафови“ и „матици“, што според ФСБ можело да предизвика голем број жртви.

Членови на ФСБ успеале да го спречат нападот и да го запленат експлозивот, а во тек е потрага по лицата кои учествувале во поставувањето на бомбата.

Можете да прочитате

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“

Хутите најавија одмазда по саудиските нападите врз Јемен

Ретка и опасна варијанта на ебола се шири во Конго – нема ниту вакцина