Утрински Весник
Свет

Италија за шпионскиот инцидент со руски дипломат: eкстремно сериозен непријателски чин

Италија за шпионскиот инцидент со руски дипломат: eкстремно сериозен непријателски чин
Ss2

Италија смета дека ситуацијата со притворањето на офицерот на канцеларијата на рускиот воен аташе е исклучително сериозен непријателски чин, изјави шефот на италијанската дипломатија, Луиџи ди Мајо.

„Специјална единица на карабинери ги приведе капетанот на италијанската морнарица и рускиот службеник во моментот на предавање на доверливи документи во замена за парична награда. Двајцата се обвинети за шпионажа и закана за државната безбедност“, рече Ди Мајо на заедничкиот состанок на комисиите за надворешни работи на италијанскиот парламент.

Ss1

Во врска со ова, италијанскиот министер посочи дека „ова е исклучително сериозен чин на непријателство“ и дека се преземени неопходните мерки.
Претходно, Ди Мајо објави дека Италија итно протера двајца службеници на руската амбасада осомничени за незаконско постапување.

Командата на специјалните сили на карабинерите објави дека италијански војник и руски офицер кои работеле во италијанската престолнина се приведени по наредба на римското обвинителство.

Според изјавата на специјалните единици, италијанскиот државјанин е во притвор, додека проверката на странскиот државјанин поради неговиот дипломатски статус е во тек.

Министерството за надворешни работи на Русија изрази жалење во врска со протерувањето на двајца вработени во руската амбасада во Рим, како и дека можните чекори во врска со оваа постапка ќе бидат дополнително објавени.

Ss1

Можете да прочитате

Детали од пропаднатиот мировен договор меѓу Русија и Украина: „Киев да гарантира трајна неутралност, а Москва да не напаѓа“

Силно торнадо во Кина, најмалку 5 загинати и многу повредени

„Смрт за Америка и Израел“: Хутите тврдат дека собориле американски борбен дрон