Утрински Весник
Спорт

Јанг: Интер се уште е во шампионската трка

Јанг: Интер се уште е во шампионската трка
Ss2

Милано, 17 февруари 2020 (МИА) – Фудбалерот на Интер Ешли Јанг смета дека неговиот тим и покрај поразот од Лацио, има шанси да дојде до трофејот во Серија А.

Интер синоќа во дербито на 24. коло загуби од Лацио на гости со 2:1. Стрелец на единствениот гол за Интер беше Јанг.

Ss1

– Го загубивме натпреварот. Јас повеќе би сакал да не постигнам гол и да победам, но сето тоа се случи. Имаме многу натпревари до крајот. Мора да го заборавиме овој пораз многу брзо и да се подготвиме за следниот натпревар. Се разбира, остануваме трка за титулата. Многу бодови се во игра, рече Јанг.

Интер по 24 кола е трет на табелата со 54 бода. Пред него се Лацио со 56 и Јувентус со 57. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс