Утрински Весник
Македонија

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им пречи уставното име, туку прогресот кон НАТО и ЕУ

СДСМ: ВМРО-ДМПНЕ и Мицкоски преку своите неспособни кадри со невистини обвинуваат за злоупотреби и ги заплашуваат граѓаните

Скопје, 17 февруари 2020

Лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш исплива на површина кога во Собранието, пратениците на опозициската партија не гласаа за Законот за одбрана, особено важен за нашето членство во НАТО.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ гласаа за Законот за служба во АРМ,  каде стои Северна Македонија, а го проблематизираат Законот за одбрана, којшто е исклучително  важен за НАТО интеграцијата.

На лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им нема крај. Самите потврдија дека не им пречи уставното име Република Северна Македонија, туку им пречи прогресот на државата, нејзиното членство во НАТО.

Со ова паѓаат во вода сите лажни тврдења и манипулации  на извршителот Христијан Мицкоски, дека со гласање за Законот за одбрана се гласа за промена на името на Армијата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕнемаат што да им понудат на граѓаните освен  лажен патриотизам, блокади и деструкции и затоа на 12 април нивните политики на уназадување и изолација уште еднаш ќе бидат поразени.

Република Северна Македонија чекори кон НАТО и ЕУ и враќање назад нема. Граѓаните заслужуваат да живеат во европска и просперитетна држава и затоа ќе ги поддржат политиките на СДСМ кои отсекогаш биле насочени исклучиво во интерес на граѓаните и државата.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведени малолетни разбојници кои со закана одзеле пари во Центар

МЕТЕО НАЈАВА: ДОАЃА ЦИКЛОН ОД МЕДИТЕРАНОТ – Од утре попладне до петок на повеќе места низ Македонија врнежи и грмежи, се очекува локално невреме

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД што ги откри Спилберг и Џорџ Лукас