Утрински Весник
Спорт

Роси во Петронас Јамаха

Роси во Петронас Јамаха
Ss2

Деветкратниот светски првак Валентино Роси од наредната сезона ќе вози за Петронас Јамаха. Во јануари беше јасно дека Роси ќе мора да го смени тимот откако фабричкиот тим на Јамаха потврди дека во 2021 година колега на маверик Вињалес ќе му биде Фабио Квартараро.

Откако Јамаха ги објави имињата на возачите за наредната сезона Роси изјави дека ќе му требаат неколку трки за да реши дали ќе вози или ќе се повлече во пензија. Прекинот на сезоната ја пролонгираше неговата одлука, а денес Петронас потврдија дека ветеранот ќе вози заедно со Франко Морбидели.

300x250 (7)

„Докторот“ во Светското првенство дебитираше на Големата награда на малезија во 1996 година, а истата таа година ја забележа првата победа во Брно. Во кариерата забележал 115 победи, а вкупно 235 пати би меѓу најдобрите тројца.

Девет пати бил светски првак, има по една титула во класите до 125 и 250 кубни сантиметри, а седум пати бил најдобар во „кралската класа“.

> Роси во Петронас Јамаха <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале