Утрински Весник
Спорт

Радио Каталонија: Барселона се соочува со банкрот

Радио Каталонија: Барселона се соочува со банкрот
Ss2

Фудбалерите на Барселона мора да прифатата намалување на платите, во спротивно клубот во јануари би можел да прогласи банкрот. Оваа сензационална информација ја пренесе Радио Каталонија 1.

Овој извор објави дека Барселона ќе мора да скрати 190 милиони евра од буџетот за плати, односно ќе мора млатите да ги намали за 30 отсто. Доколку не биде постигнат договор со играчите во наредните пет дена, клубот во јануари наредната година би можел да банкротира.

Ss1

Преговорите за намалување на платите се во тек, но медиумите во Каталонија не се оптимисти дека ќе биде постигнат договор.

„Главен проблем е економската слика на клубот. Пандемијата силно удри по нашиот клуб. Зависиме од туризмот, а него го нема. Мораме да најдеме решение како да го пребродиме ова, во спротивно сè може да се случи“, рекол за Радио Каталонија 1, Карлес Тускетс, в.д. претседателот на Барселона.

> Радио Каталонија: Барселона се соочува со банкрот <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“