Утрински Весник
Балкан

Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“

20240425104901 Big 730x400 6.webp.webp
Img 5587

Грчката фрегата „Идра“ што е дел од операцијата „Аспидес“ (Штитови) на поморските сили на Европската унија (ЕУНАВФОР) во Црвеното море, утрово интервенирала против две беспилотни летала, од кои едното го соборила, јави дописничката на МИА од Атина.

Од ЕУНАВФОР преку социјалните мрежи соопштија дека помеѓу 5 и 5:30 часот утрово, грчката фрегата додека обезбедувала заштита на трговски брод во Аденскиот Залив пукала кон две беспилотни воздушни летала (UAVs), кои претставуваат непосредна закана за слободата на навигацијата.

Img 5587

– Првото беспилотно летало беше соборено, додека второто го промени својот курс.

Акцијата што ја изврши „Идра“ беше ефикасна за да се избегне каква било штета на морнарите и трговскиот превоз, соопштија од ЕУНАВФОР.

Паралелно додадоа дека операцијата има одбранбена задача со цел да ги заштити бродовите што се на мета на напади од море или воздух.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, фрегатата регуларно ја продолжува својата мисија.

Ова е втора интервенција на грчката фрегата во Црвеното море, откако на средината на март отворила оган против две беспилотни летала (UAVs), што биле упатени кон трговски бродФрегатата Идра на грчката воена морнарица од минатиот месец е во Аденскиот залив, во рамки на европската операција „Аспидес“ („Штитови“) за заштита на меѓународната пловидба во Црвеното море.

Ss1

Можете да прочитате

Строги забрани во Црна Гора: Казни до 1.000 евра за одење во костими за капење во пешачки зони

Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона

Вучевиќ му се заблагодари на Верхеји за честитката: Ќе работиме на европскиот пат на Србија, но и на одбрана на националните интереси