Утрински Весник
Свет

Државниот обвинител на Хаити побара за убиството на претседателот да биде обвинет премиерот

Државниот обвинител на Хаити побара за убиството на претседателот да биде обвинет премиерот
Ss2

Државниот обвинител на Хаити побара од истражниот судија да го обвини премиерот Ариел Хенри за убиство на претседателот Жованел Моиз и побара да му се забрани да ја напушти земјата.

Оваа наредба е издадена истиот ден кога тој го повикал премиерот Хенри да се сретне со него и да му објасни зошто клучен осомничен за атентатот на претседателот Моиз му се јавил двапати само неколку часа по атентатот.

300x250 (7)

„ Има доволно компромитирачки елементи за да му се суди на Хенри и да се побара да се покрене обвинение“, рече обвинителот Бед-Форд Клод.

Тој додаде дека повиците биле упатени на 7 јули во 4:03 часот и 4:20 часот наутро и додаде дека доказите покажуваат дека осомничениот Џозеф Феликс Бадио во тоа време бил во близина на неговиот дом.

Бадио работеше во владината единица за борба против корупцијата, се додека не беше отпуштен под обвинение за кршење на етичките прописи.

Во документот се наведува дека повиците траеле вкупно седум минути и дека премиерот Хенри во тоа време бил во хотелот „Монтана“ во главниот град на Хаити.

Претседателот на Хаити беше убиен на 7 јуни во вооружен напад.

Ss1

Можете да прочитате

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци