Утрински Весник
Свет

Турк ужаснат од уништувањето на болниците „Насер“ и „Ал Шифа“ во Појасот Газа и од масовните гробници во нив

20240423115056 Big 730x400 28.webp.webp

Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк денеска изјави дека е „згрозен“ од уништувањето на медицинските установи Насер и Ал Шифа во Газа и извештаите за откриени масовни гробници во нив.

Британските медиуми наведуваат дека во обраќање на брифинг во ОН, Тирк исто така, ги осуди израелските напади врз Газа во последните денови, во кои, како што рече, загинаа главно жени и деца.

Тој, исто така, го повтори предупредувањето против акцијата во Рафа, изјавувајќи дека тоа може да доведе до „нови злосторства“. 

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока