Утрински Весник
Македонија

Ванковска: Санкциите кон Русија најскапо ги платија ресенчани

439960487 823175046523600 3241927649578365097 N.jpg
Img 5587

На вчерашниот собир во Ресен, кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска, се осврна на проблемот со откупот на земјоделските производи.

,,Примарно, не можеме ние како коцкари да го ставаме целиот влог на една карта! Се поставува прашањето: ако досега јаболките одеа масовно во Русија, на која и поставивме санкции, каде се сега нашите западни сојузници?

Ss1

Можеа нашите западни “пријатели” да помогнат со пласманот, или пак да не противречат кога си бараме самите чаре на другите страни од светот! Мора самите да си ја креираме политиката на пласман инаку овошките ќе овенат, луѓето ќе си заминат, а ние како држава ќе ги изгубиме перспективите!”

Носителот на листа во ИЕ5 – Јована Мојсоска изјави дека на овие избори Левица ќе настапи со автентична Програма од преку 1000 мерки, со Програма која е радикална, затоа што радикални се условите во кои живееме. Левица на овие избори настапува со сите оние предлози кои ги поднесе во Собранието, а власта на СДС и ДУИ ги одби.

Иако СДС ветуваше гарантиран откуп за земјоделските производи, токму Левица поднесе предлог-закон за гарантиран откуп кој СДС го ОДБИ.

Левица поднесе и предлог-закон за платено здравствено осигурување на жените-земјоделки, затоа што нечовечно е во 21 век жените да немаат здравствено осигурување, но партиите на власт немаат интерес да го заштитат трудот на оние кои ја хранат државата.

Ss1

Можете да прочитате

Забрчанец: Мора да сме одговорни кон слободата, таа денес е под најголема закана од 2017 година наваму

Лукаревска: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, заедно да продолжиме да работиме за просперитетна и модерна држава за сите

Кривична пријава за директорот на ЈП „Пазари“ од Битола, склучил договор и префрлил пари на фирма избришана од Централен регистар