Утрински Весник
Свет

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски

Mikola Solski.webp.webp

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари.

Судијата му одреди кауција на Солски во износ од 1,9 милиони долари, пренесуваат британските медиуми.

Солски ги негира наводите, кои се однесуваат на набавки од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година. Солски вчера поднесе оставка, но технички останува на функцијата додека Парламентот не го разгледа неговото барање за оставка.

Тој е првиот украински министер осомничен за корупција откако украинскиот претседател Володимир Зеленски е на власт.

Националното биро за борба против корупцијата соопшти дека обвинението се однесува на шема за стекнување сопственост на државно земјиште во вредност од 7,35 милиони американски долари.

Како што е наведено, земјиштето наводно незаконски им било одземено на две државни фирми и им било предадено на бранителите под услов да го дадат под закуп на одредени приватни фирми.

Солски и неговиот адвокат на сослушувањето вчера рекоа дека тој нема корист од таквата шема. Солски по ова обвинение може да се соочи со затворска казна до 12 години. 

Можете да прочитате

Европското фудбалско првенство во Германија многу малку ќе влијае на економскиот раст, велат економистите

Путин: Прекин на огнот и мировни преговори откако Украина ќе ги повлече војниците и ја прекине кандидатурата за НАТО

ОН предупредуваат: Борбата против женското генитално осакатување е загрозена