Утрински Весник
Македонија

Живееме ли во држава или во чекалница за ЕУ?

Adria forum 0424 251007 vid.jpg

Колумна на проф. д-р Иван Анастасовски

Во нашата Македонија одамна престанавме да живееме во сегашноста, оти ние живееме во очекување, во “уште малку“, или “само уште ова да се реши“. Или во една многу долга, исцрпувачка чекалница која ја нарекуваме наша европска перспектива.


Прашањето веќе не треба да биде дали сакаме во Европската Унија, тоа треба да биде силен општествен консензус, туку напротив прашањето треба да биде што е тоа што се случува со државата додека чекаме во чекална. Години наназад, секоја политичка гарнитура ја продава истата приказна за нашиот пат кон ЕУ, потенцирам: „Ова е последната пречка“ или „Ова е клучниот момент“, но за жал тоа „сега“ никогаш не доаѓа, за сега доаѓа само ново условување, нова блокада или ново отстапување, па така чекалницата се проширува, а нашето трпението полека но сигурно се троши.

Нашиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Проф. д-р Тимчо Муцински за нашата јавност е политичар кој манифестира поумерен и дипломатски пристап, особено сега во во период кога македонската надворешна политика се соочува со чувствителни прашања околу евроинтеграциите, регионалните односи и меѓународната позиција на државата тоа е позитивен аспект за нашиот европски пат, наспроти поцврстиот став на нашиот премиер за кој лично мислам дека нема да отстапи од тоа и по цена на сериозен застој во ЕУ процесот. Па оттаму, ако сакаме да се поместиме од чекалната и да го забрзаме процесот за интеграција треба да постигмене силен општествен (без оглед на политичка, етничка или друга припадност) консензус околу ова прашање и да се обидеме да му ја олесниме позицијата на министерот за надовершни работи и надворешна трговија и при тоа да се искористи неговиот професионален имиџ и смирен дипломатски настап во јавните настапи кој сепак да бидеме објективни е фокусиран кон ЕУ интеграции со цел за подобрување на меѓународната комуникација на нашата држава. Да се потсетам и самиот дека јас предходно овде пишував за прочитување (будење) на нашата политичка сцена па сепак мое мислење во контекс да и помогнеме на државата е дека тој е претствник на помладата генерација политичари кој би требало да манифестира нов политички стил како на изразување така и на функционирање.

Но што имаме во меѓувреме, што се случува дома кај нас?

Има податоци дека младите ни заминуваат (поради подобра перспектива) дали за учење дали за работа дали за живот во таа ЕУ, и тоа не затоа што не си ја сакаат државата, туку затоа што не гледаат одредена перспектива во држава за нив. Факт е тоа дека нашите институциите на системот функционираат селективно, довербата во овој систем кај младите се сведува на минимум, а политиката, наместо да гради внатрешна стабилност, постојано се оправдува со надворешни фактори.

Создавме опасна навика, секој неуспех кој го имаме на домашен план да го  оправдуваме со застој во ЕУ процесот. Тука се поставува прашањето кое е сосема легитимно дали ние самите не можеме да имаме функционално здравство, функционално образование или пак функционално правосудство, или здрава животна средина, оранизиран и модерен јавен превоз и патишта без да бидеме членка, што според мене делува како државноста да ни е условена, а не тоа да претствува наша обврска и должност. Но вистината е поедноставна и понепријатна, ние ја ставивме државата на пауза, чекајќи некој друг да ни ја активира и да го заврши патот кој е почат пред 35 години, затоа сега се зависи исклучиво од нас самите.

Европската Унија не е магично решение, таа е рамка, но содржината мора да ја создадеме ние. Ако влеземе неподготвени, ќе влеземе со истите проблеми, само на повисоко ниво, ако останеме во чекалница, ризикуваме да се навикнеме на статусот на вечен кандидат, држава што постојано се објаснува, но ретко се реализира.

Затоа, можеби е време да си поставиме непријатно, но неопходно прашање:
дали навистина чекаме Европа, или ја користиме како изговор да не се соочиме со самите себе?

Македонија не смее да биде чекалница. Чекалниците се места каде што луѓето доаѓаат и заминуваат. Државите, ако сакаат да опстанат, мора да се движат, затоа ако продолжиме да чекаме, ќе останеме сами во празна просторија со сериозен ризик за нас и со чувство дека сме биле блиску до нешто што никогаш не сме го достигнале.

Време е да престанеме да чекаме, и да почнеме да функционираме како држава без оглед на тоа дали го имаме или немаме датумот.

Ставовите искажани во „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „24инфо“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Можете да прочитате

Брат и сестра се тепале па меѓусебно се пријавиле во полиција

Нападната и повредена девојка пред дискотека во Карпош

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители