Утрински Весник
Магазин

Жерар Пике повторно ја исмејува Шакира, на работа дојде со „твинго“

Жерар Пике повторно ја исмејува Шакира, на работа дојде со „твинго“

Се чини дека Жерар Пике последен се смее во кавгата со Шакира користејќи стихови од нејзината песна против него.

dobivaj vesti na viber

Пике (35) и Шакира (45) објавија дека се разделуваат минатиот јуни. Тие беа заедно 11 години, имаат и две деца, но тоа не ги спречи да се впуштат во војна на зборови – делумно поради новата девојка на Пике, Клара Чиа.

Најнова вест е дека Жерар ѝ возврати на Шакира, која во новата одмаздничка песна прави зајадлива компарација меѓу неа и неговата сегашна девојка.

„Бебе, ти посакувам сè најдобро со мојата замена, не знам што ти се случи, но си замени ‘ферари’ за ‘твинго’, ‘ролекс’ за ‘касио’…“, е дел од текстот на нејзината песна.

Жерар веднаш реагира и низ смеа објави дека тој и неговите пријатели добиле бесплатни часовници од „Касио“.

А сега фудбалерот повторно направи шега на сметка на колумбиската пејачка и нејзината нова песна.

На социјалните мрежи се шири видео во кое фудбалерот доаѓа на работа со „твинго“, марка на автомобилот што Шакира го користи во песната како метафора за неговата нова девојка.

Британски „Сан“ дознава дека Пике за новото „твинго“ платил 8.000 фунти (околу 9.000 евра).

Поранешниот пар се раздели во јуни минатата година. Набргу потоа Пике беше фотографиран со Клара Чиа, вработена во неговата продукциска куќа. Иако одбиваше да дава изјави за новата романса, Жерар и Клара беа видени заедно неколкупати, а подоцна беше откриено дека нивната афера трае од 2021 година.

Можете да прочитате

Еве кои хороскопски знаци ќе добијат пари оваа година

Утрински Весник

Само едно седиште во авионите е посебно, има и зошто тоа е така

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик