Утрински Весник
Магазин

Жената на која ѝ беше трансплантиран бубрег од свиња почина во Америка

Screenshot 2024 07 10 091510.jpg

Лиза Писано, првата личност што добила механичка срцева пумпа и генетски едитиран свински бубрег, почина во неделата, соопшти NYU Langone Health, каде што била оперирана.

Нејзиниот бубрег бил трансплантиран на 12 април, но откажал поради ограничениот проток на крв и бил отстранет на 29 мај. Таа не беше првата личност на која ѝ беше извршена трансплантација на свински орган, но беше првата со механичка пумпа за срце, на која ѝ беше трансплантиран свински орган, пренесува Си-ен-ен.

„Таа беше храбра и алтруистичка“, рече во вторникот д-р Роберт Монтгомери, директор на Институтот за трансплантација NYU Langone.

„Придонесот на Лиза во медицината и хирургијата е непроценлив. Лиза нè донесе поблиску до иднината, во која некој не мора да умре за друг да живее“.

Можете да прочитате

Купола за автономен живот на Марс ќе биде претставена на првите вселенски игри во Русија

Италија предлага мерки против зависност од социјалните медиуми

Нов тренд кој го менува начинот на кој го започнуваме денот