Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Наредив проширување на безбедносната зона во Либан

Netanjahu 1.jpg

По состанокот во седиштето на Северната команда на израелската армија во Сафед, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека акциите на Израел создаваат „видливи пукнатини во терористичкиот режим во Техеран“.

„Иран повеќе не е ист Хезболах повеќе не е ист. Хамас повеќе не е ист“, рече тој. Додаде дека трите непријателски групи „се борат за сопствен опстанок“.


„Наместо тие да нè изненадуваат нас, ние ги изненадуваме нив. Ние сме оние што дејствуваат, кои напаѓаат, кои иницираат и ние сме длабоко на нивната територија“, рече тој.

„Решени сме фундаментално да ја промениме ситуацијата на север“.

Во исто време, тој најави проширување на израелската офанзива во јужен Либан, каде што нејзините сили се насочени кон Хезболах. Тој потврди дека ѝ наредил на армијата дополнително да ја прошири постојната безбедносна тампон-зона и призна дека сака фундаментално да ја промени безбедносната ситуација во областа.

„Тукушто наредив понатамошно проширување на постојната безбедносна тампон-зона. Решени сме фундаментално да ја промениме ситуацијата на север“, рече Нетанјаху во видео обраќање од Северната команда.

Тој додаде дека одлуката имала за цел зајакнување на безбедносната позиција на Израел на неговата северна граница. Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии на северната граница на Израел, каде што прекуграничните судири предизвикуваат стравувања од поширока регионална ескалација.

Можете да прочитате

Трамп соопшти дека Кина ќе купи 200 авиони „Боинг“, а нарачката би можела да достигне и до 750

И Уганда прогласи жариште на ебола

ФБИ нуди 200.000 долари награда за поранешна американска разузнавачка која пребегна во Иран