Утрински Весник
Свет

ФСБ спречи атентат на три воени лица во Москва

20240710103307 Big 730x400 6.webp.webp

ФСБ на Руската Федерација спречи обид на украинските специјални служби да извршат терористички напади врз тројца високи воени лица на Министерството за одбрана на Руската Федерација во градот Москва, се наведува во соопштението.

Според ФСБ, украинските разузнавачки служби контактирале со еден од членовите на екипажот на бродот, сугерирајќи му да изврши терористички напад. Тој по наредба на украинската воена разузнавачка служба „организирал испорака преку курирска служба на три експлозивни направи со голема моќност, маскирани како подароци, до адресите на живеење во Москва на началниците на оддели во руското Министерство за одбрана.

Дваесетгодишниот осомничен признал дека бил регрутиран во мај 2024 година од офицер на украинската воена разузнавачка служба и дека се согласил да извршува задачи поврзани со подготовка на терористички напади на руска територија за паричен надомест.

Можете да прочитате

Онколошка болница во Атина враќа дел од Ковид мерките

„Политико“: Шефовите на дипломатиите на ЕУ планираат бојкот на Самитот за надворешни работи на Орбан 

Каја Калас поднесе оставка од функцијата премиер на Естонија