Утрински Весник
Магазин

Италија предлага мерки против зависност од социјалните медиуми

Media.webp.webp

Италијански сенатори презентираа предлог-закон со кој се зголемува одговорноста на дигиталните платформи за начинот на кој ја пренесуваат содржината до корисниците, во рамки на борбата против зависноста од социјалните мрежи. „Предлогот, кој го поддржува опозициската Демократска партија (ПД), предложува платформите да престанат со автоматско собирање податоци од корисниците и да обезбедат поголема транспарентност во функционирањето на алгоритмите што одредуваат која содржина им се прикажува на корисниците“, информираа италијанските медиуми.

Според сенаторот на ПД, Антонио Ничита, секојпат кога ќе отвориме социјална мрежа, алгоритмот одлучува што ќе видиме, не случајно, туку со цел да останеме што подолго приковани за екранот. Во нацрт-законот се нагласува дека дизајнот на алгоритмите не претставува технички детаљ, туку корпоративен избор со конкретни последици, и се очекува одговорност од социјалните медиуми за таквиот дизајн на системите за пренос на содржините. Според италијанската партија Лига, потребно е воведување забрана за користење на социјалните мрежи за деца помлади од 14 години, по примерот на слични мерки што веќе се усвоени или се разгледуваат во повеќе држави.


Можете да прочитате

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година

Колку кафе можете да пиете без ризик за вашето срце

Јапонките против новата владина одлука за носење кратки пантолони во канцелариите