Утрински Весник
Свет

Жената била со дете во возилото кога влетала во училишниот двор во Австралија убивајќи момче: познати детали за трагедијата

Screenshot 2024 10 30 103109.jpg

Жена возејќи го своето дете од училиште во предградието на Мелбурн, Хоторн Ист, во вторникот удри во училишната ограда, при што загина 11-годишниот Џек Дејви, објавија денеска австралиските медиуми.

Директорот на основното училиште кое го посетувало настраданото момче изјавил дека смртта на 11-годишното дете е „целосна трагедија“, пренесува Скај Њуз.

Во вторникот околу 14 часот и 30 минути, жена (40) се обидела со својот автомобил да сврти, но ја пробила оградата од училишниот двор и удрила во надворешна маса на која седеле пет деца.

Џек Дејви по несреќата бил пренесен во болница со тешки повреди, но подоцна починал.

Две 11-годишни девојчиња, како и 10-годишно девојче и момче, исто така се тешко повредени и пренесени во болница, соопшти полицијата на Викторија.

Можете да прочитате

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико