Утрински Весник
Македонија

ДОМ: Наместо правна сигурност, граѓаните повторно добија институционална конфузија и закана по животната средина околу Иловица

Dom zname.jpg

Соопштение за јавност на ДОМ:

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува сериозна загриженост за најновата пресуда на Вишиот управен суд со која се поништува одлуката на Владата за престанок на важењето на одлуката за спојување на концесиите за рудникот Иловица.


Ова е само уште една потврда за длабоката институционална недоследност и правната нестабилност во управувањето со минералните суровини во државата кој укажува на потенцијално менување на одлуките во корист на компанијата „Еуромакс Рисорсис”. Како што е јасно наведено во образложението на Судот, претходната владина одлука за раскинување на концесиите паднала на суд бидејќи била донесена со клучни процедурални пропусти. Институциите во актот не навеле соодветни правни елементи, не понудиле формално образложение и користеле термини што не се предвидени во Законот за општата управна постапка.

За ДОМ се недозволиви ваквите пропусти од страна на Владата која иако со пресудата е упатена повторно да одлучува и да ја исправи процедуралната грешка, свесно ги пропушта законските рокови за реакција. Со ваквата пасивност таа директно му овозможува на концесионерот да го добие судскиот спор.

Потсетуваме дека ДОМ во периодот 2017-2019 година активно учествуваше во унапредување на законската рамка за минерални суровини преку конкретни иницијативи и конкретни законски измени со кои се:

  •  заоструваат условите за доделување и користење на концесии за експлоатација;
  • ограничува можноста за злоупотреби преку поврзани и зависни правни субјекти;
  • зајакнува заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните како приоритет над економскиот интерес;
  • воведува повисоко ниво на институционална одговорност во процесот на одлучување;
  • отвора простор за поголема транспарентност и јавен надзор врз концесиските постапки;

Овие законски измени беа насочени кон:

·        заштита на животната средина;

  • заштита на здравјето на луѓето во рударски региони;
  • спречување на употреба на опасни технологии;
  • гледање на екосистемот како „една целина” (не локален ризик);

Ова беше првпат во македонската законска регулатива во областа на минералните суровини заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните да бидат толку јасно и експлицитно вградени како клучни принципи при одлучувањето за концесии.

Најостро се спротивставуваме на новите законски измени чија цел е олеснување на експропријацијата на земјиштето за потребите на приватни концесионери, како и интензивната секојдневна пропаганда за отворање на рудникот.

Ги повикуваме сите политички чинители да се вратат на ветувањата што им ги дадоа на граѓаните во 2023 и 2024 година дека рудник во Иловица нема да има. Наместо административни импровизации кои оставаат простор за профитерски тужби, Владата мора итно да постапи по укажувањата на Судот и во повторна постапка да донесе правно издржана одлука за заштита на Струмичката котлина.

Ставот на ДОМ останува непроменет: компромис со здравјето и со чистата животна средина на сметка на граѓаните не смее да има во ниту еден случај. Рудник во Иловица не смее да се гради!

Можете да прочитате

Тошковски: „Не се напаѓа оној што не работи — толкава сила се крева само против оној што менува нешто” 

Хаос во Скопје: Со автомобил неколку пати намерно удрил во мотоциклист

Двајца турски државјани уапсени на ГП Деве Баир