Утрински Весник
Македонија

Жена од Струга починала откако била удрена од комбе

Policija soobrakjajka noke.jpg

На 21.02.2026 околу 16.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул. „Струшки Кепенци” во Струга товарно возило „ивеко” со струшки регистарски ознаки управувано од Н.О.(57) од Струга удрило во 70-годишната И.И. од с. Мислодежда, струшко.

По несреќата И.И била пренесена во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош каде подоцна починала. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга. Во 21.40 часот полициски службеници го лишија од слобода Н.О. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    


Можете да прочитате

ВЛЕН: ДУИ со устата полна со Европа, а со рацете длабоко во европските фондови

Мицоски: Наскоро ќе се знае кој го наредил ова во Гостивар, одговорност ќе има

Малолетен возач на тротинет повреден во сообраќајка во Тетово