Утрински Весник
Македонија

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата без поголеми задржувања

Granichni Premini.webp.webp

На граничните премини Табановце за влез и на Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, што е карактеристично за летниот период, но исто како и на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно сеоднесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Можете да прочитате

Тешко повреден 16-годишник во навивачкото насилство пред „Јане Сандански“, кривична пријава против едно лице

Петровска до Славески: Вашата плата ќе легне цела, а граѓаните ќе си ги земаат сопствените пари на рати!

Од Алта банка повлечени два милиони евра, користењето картички ограничено на 10.000 денари неделно