
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја iима својата прва официјална посета на Белград, соопшти кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Деталите за посетата не беа откриени, а вчера, најавувајќи го доаѓањето на украинскиот шеф на државата, Вучиќ им рече на новинарите дека имаат „неколку теми“, вклучувајќи го и европскиот пат на Украина и Србија.
Двајцата претседатели досега се сретнаа неколку пати на меѓународни конференции, а последниот пат се сретнаа кон средината на јули во Киев, на 5-тиот самит Украина – Југоисточна Европа, кога беше потпишана заедничка декларација за продолжување на политичката, воената, финансиската и безбедносната поддршка за Украина и зајакнување на притисокот врз Русија, осудувајќи ја руската агресија врз Украина.Во тој документ, меѓу другото, Русија е обвинета за нелегална, неиспровоцирана и неоправдана агресија врз Украина и е повикана веднаш да ја прекине војната и целосно и безусловно да ја повлече армијата и воената опрема од целата украинска територија.
Во тоа време, Вучиќ беше единствениот политички лидер во регионот кој не ја потпиша декларацијата. Србија ја осуди руската инвазија на Украина, но поради својата традиционална блискост со Москва, одбива да се придружи на санкциите што Европската Унија ги воведе врз Кремљ.
Вучиќ разговараше со Зеленски за време на јулскиот самит во Киев, при што се согласија да ги интензивираат билатералните контакти и да се договорат за почести средби на највисоко ниво, како и за иницијативи за подобро поврзување на регионот и заемна поддршка за Србија и Украина на нивниот европски пат.



