Утрински Весник
Свет

Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е исклучително тешко

Zelenski45.jpg

Украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби во регионот Харков, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата. „Нашите сили извршуваат контранапади и ја штитат украинската територија веќе втор ден“, рече Зеленски. Украинската војска претходно соопшти дека руските сили се задржани во пограничните села во „сивата зона“, додека Русија објави дека зазела пет локални населби. Ситуацијата, рече Зеленски, е особено напната во регионот на Доњецк, поточно во правец на Покровское, кај селата Семенивка и Нетаилова. Зеленски додаде дека попречувањето на руските офанзивни акции сега е задача број еден.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена