Утрински Весник
Свет

Зеленски: Русија насекаде остава смрт, мора да одговара за тоа

Зеленски: Русија насекаде остава смрт, мора да одговара за тоа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера дојде во ненадејна посета на градот Изум за да ги поздрави украинските војници, ја обвини Русија и го спореди откривањето на гробницата со повеќе од 400 тела со она што се случи во Буча, предградие на главниот град Киев, во раните фази на инвазијата на руските сили на крајот на февруари.

dobivaj vesti na viber

Украина и нејзините западни сојузници ги обвинија руските сили дека таму извршиле воени злосторства. Десетици илјади цивили најверојатно се убиени во одделен руски напад врз јужното пристаниште Мариупол, соопштија украинските власти во април.

„ Русија ја остава зад себе смртта насекаде и мора да одговара за тоа“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Русија постојано негираше дека целела цивили или дека извршила воени злосторства.

Можете да прочитате

Путин ја посети Курската област за прв пат откако Москва целосно ја врати контролата врз неа

Повеќе од 50 уапсени во акција против трговија со дрога меѓу Италија и Албанија

Најмалку петмина загинати откако бомба погоди училишен автобус во југозападен Пакистан