Утрински Весник
Свет

Зеленски: Одлуката за финансирање од ЕУ е јасен сигнал за Москва и Вашингтон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа потврди дека одобрувањето на договорот за помош на ЕУ за Украина е „јасен сигнал“ и за Русија и за САД, каде пакетот помош за таа земја е закочен во Конгресот.

– Ова е јасен сигнал за Москва дека Европа ќе остане силна и дека ниту еден деструктивен бран дизајниран од Кремљ не може да ја скрши, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање до сонародниците.

Истовремено, додаде тој, тоа е јасен сигнал и за преку Атлантикот, сигнал дека Европа ги презема своите одговорности. Одговорности за безбедност. Силни обврски. Ги чекаме одлуките на САД, кажа Зеленски.

Лидерите на сите 27 земји-членки на вонредниот самит во Брисел вчера постигнаа договор за пакет помош за Украина во износ од 50 милијарди евра. Вонредниот самит беше свикан само за да се обиде да се добие согласност од Унгарија. На последниот самит во средината на декември 26 земји-членки постигнаа договор за помош на Украина, а против тоа беше само Унгарија.

Можете да прочитате

Шпанската полиција разби мрежа која илегално извезувала одбранбени материјал во Саудиска Арабија

Галант против ослободување од воена служба на ултраортодоксните Евреи: Тоа е најважно прашање на националната безбедност

Стано: Со заканите со нуклеарно оружје Путин се обидува да ја префрли одговорноста за војната