Утрински Весник
Свет

Зеленски: Нападот на Иран врз Израел докажа нешто многу важно

Zelenski.jpg

Нападот на Иран врз Израел докажува нешто многу важно – дека современите системи за противвоздушна одбрана спасуваат животи, изјави доцна синоќа украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по големиот ирански напад врз Израел со беспилотни летала и ракети.

Според израелската војска, огромното мнозинство од повеќе од 300 проектили – вклучувајќи околу 170 беспилотни летала и 120 балистички проектили – истрелани кон Израел од Иран и неговите посредници биле пресретнати од системите за противвоздушна одбрана и израелските сојузници.

„Современите системи за противвоздушна одбрана се способни да заштитуваат животи – ова се покажа на Блискиот Исток кога авијацијата и противвоздушната одбрана соборија ирански ракети и беспилотни летала Шахед насочени кон Израел“, рече Зеленски.

Можете да прочитате

Првиот лет на електрично летачко такси е завршен – Наскоро ќе лета над Дубаи

По три години, Путин телефонски разговараше со Макрон

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак